Кажи кажи стара ле бабо, кај е бела Јана.
Бела Јана абре аго пангарија ојде,
во блиското село де аго пченица да жние.
Лажи, лажи стара ле бабо бегот не се лажи.
Бела Јана во килери сарајлија меси
бела Јана во килери сарајлија меси.
Ја излези мила ле ќерко, бегот ми те вика.
Престегни си мила ле ќерко, рамната ти снага,
престегни си мила ле ќерко, танка половина
Па му свари мила ле ќерко, кафе ала турка.
Па да пие бегот ле ќерко и да се отруе,
па да пие бегот ле ќерко и да се отруе.
Дата на публикация: 17 октомври, 2022
Категория:
Друго
Коментари (0)
Моля влезте в акаунта си за да пишете коментари.